Утрински Весник
Свет

Русија за оставката на Трас: „Си заминува катастрофално неписмена лидерка“

Русија за оставката на Трас: „Си заминува катастрофално неписмена лидерка“

Министерството за надворешни работи на Русија ја поздрави оставката на британската премиерка Лиз Трас велејќи дека таа е „срамна лидерка“, која ќе биде запаметена по нејзината „катастрофална неписменост“.

dobivaj vesti na viber

„Британија никогаш немала таков срам од премиер“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова.

Изгледа дека тврдењето за неписменост се однесува на посетата на Трас на Москва непосредно пред Русија да ја нападне Украина додека таа беше министерка за надворешни работи.

На состанокот со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, Трас помеша два региона на Русија со Украина, што предизвика исмејување на рускиот дипломат во ток-шоуа на руската државна телевизија.

Можете да прочитате

Нетанјаху му се закани на Либан дека ќе биде срамнет како Газа

Нетанјаху му се закани на Либан дека ќе биде срамнет како Газа

Изборите во САД ќе чинат 15,9 милијарди долари