Утрински Весник
Култура

Скопје ќе пречека стотици танчери в сабота на голем меѓународен танцов напревар

Скопје ќе пречека стотици танчери в сабота на голем меѓународен танцов напревар

Во сабота на 22 октомври , центар на танцовиот свет ќе биде Скопје.

dobivaj vesti na viber

Во СЦ Јане Сандански, силите ќе си ги одмерат над 100 танцови двојки во повеќе старосни групи и над 200 соло изведувачи, од Македонија, Италија, Бугарија, Србија, Грција, Естонија, Хонгконг, Хрватска. Организатор на овој натпревар кој е на календарот на Светската танцова федерација е танцовиот клуб „Ритам плус“ од Скопје .

Од Македонија покрај организаторот, силите ќе си ги измерат и македонските танчери од клубовите: ТСК Степ АП, ТСК Линеа , ТСК Динамик, ТСК Прима Данца, ТСК Бранимир и Бранкица, Танцово студио Ребис.

Оваа јубилејна танцова манифестација во сабота ќе ги собере најдобрите натпреварувачи во повеќе танцови дисциплини.

Билетите се веќе во продажба на https://mktickets.mk/event/wdsf-dse-skopje-open-2022-grand-prix-

skopje-open2022/, а на денот на натпреварот и на билетарницата во СЦ Јане Сандански.

Настанот е поддржан од Министерство за култура и Град Скопје

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“