Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска да си поднесе оставка бидејќи е неспособна и ги измами гласачите

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска да си поднесе оставка бидејќи е неспособна и ги измами гласачите

„Арсовска да си поднесе оставка бидејќи е неспособна и ги измами гласачите. Арсовска да си поднесе оставка затоа што ги измами гласачите и свесно го уништува Скопје. Арсовска да си поднесе оставка затоа што покажува неспособност“, се вели во соопштението од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од таму велат „Арсовска да си поднесе оставка зашто во криза парите на скопјани ги троши на анкети. Додека Градот му должи 1 милион евра на ЈП ‘Улици и патишта’, Арсовска фрла десетици илјади евра на себепромоција платена со парите на скопјани“.

„Арсовска да си поднесе оставка бидејќи молчи за долгот на Клинички центар кон ЈП ‘Водовод и канализација’ – Скопје, во висина од 2 милиона евра, само поради коалицијата што ја има со СДС. Еден месец по разидинувањето на ВМРО-ДПМНЕ со Арсовска, Градот е пред банкрот, гледаме матни зделки на Арсовска и директорите поставени од неа, а предлог на СДС. Арсовска да си поднесе оставка зашто нема кредибилитет. Таа ги напушти програмата и ветувањата со кои дојде на власт и е на пат да стане полош градоначалник и од Петре Шилегов“, велат од партијата.

Можете да прочитате

Во Кичево уапсен осуденик баран со потерница

Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха

Нова акција на МВР: Од две лица од Струмица одземени скоро 600.000 во кеш