Утрински Весник
Свет

(Видео) Експлозија во затвор во Мјанмар, голем број загинати

(Видео) Експлозија во затвор во Мјанмар, голем број загинати

Најмалку осум лица загинаа, а 13 се ранети во експлозија што се случи денес во најголемиот затвор во Мјанмар, „Инсеин“, јавија локалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Тројца вработени и пет посетители загинаа во експлозијата што се случи во 9.40 часот по локално време под сè уште неразјаснети околности, објави „Ројтерс“.

Екипите на брзата помош ги префрлиле тешко повредените во локалните болници, а на оние со полесни повреди им била укажана помош на самото место, соопштија надлежните.

Портпаролот на воените власти на Мјанмар не одговори на барањата за коментар на новинарот на „Ројтерс“.

„Инсеин“ е најозлогласениот затвор во земјата и илјадници политички затвореници се испратени во објектот откако војската ја презеде власта во Мјанмар.

Можете да прочитате

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би донело катастрофа

Советникот на Трамп за криптовалути ја напушта Белата куќа и се враќа во приватниот сектор

Нетанјаху: Мора да ја довршиме работата, жителите на Газа „молат“ да ги спасиме од Хамас