Утрински Весник
Спорт

Чави: Ќе добијам отказ ако ова не оди според планот

Чави: Ќе добијам отказ ако ова не оди според планот

Тренерот на Барселона, Чави е свесен дека ќе добие отказ доколку екипата не игра добро и не влезе во иднина не почне да освојува трофеи. Чави пред една година дојде во клубот како замена за Роналд Куман.

dobivaj vesti na viber

Барселона потроши многу пари во летниот преоден рок, но Чави веројатно нема да избори пласман во нокаут фазата во Лигата на шампионите. Доколку наредната недела Интер ја победи Викторија Плзен, Барселона ќе продолжи во Лига Европа.

Барселона се наоѓа во лоша форма, има само една победа на последните четири натпревари.

„Морам да бидам искрен со фановите. Продолжувам полн со ентузијазам, и покрај сите критики што ги добив изминатава недела. Добивам зборови на поддршка. Мојот мобилен телефон изгледа како да ми починал член на семејството. Клубот заврши одлична работа, имаме добар тим и мораме да се бориме за трофеи. Ако не победуваме, како што рече претседателот на клубот, ќе има последици, а тие почнуваат од мене. Ако не победувате тогаш на вашето место ќе дојде друг тренер. Ќе дадам се од себе за да успеам“, рече Чави.

Барселона утре, во 10.коло во Примера, ќе го пречека Виљареал.

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија