Утрински Весник
Македонија

Петровска на конференција за реформи: Направивме сериозни чекори напред, имаме уште работа

Петровска на конференција за реформи: Направивме сериозни чекори напред, имаме уште работа

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска учествуваше на годишната конференција „Реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Северна Македонија“, која се одржа во организација на Женевскиот центар за управување во безбедносниот сектор.

dobivaj vesti na viber

На првиот панел посветен на достигнувањата во безбедносно – разузнавачката област, идните предизвици и приоритети, Петровска истакна дека станува збор за реформа која никогаш не завршува затоа што станува збор за однос помеѓу заштита на човековите права и она што се интереси и развој на разузнавачкиот и безбедносниот сектор.

Процесот на реформа на безбедносниот и разузнавачкиот систем беше замислен како инклузивен процес вклучувајќи го и граѓанскиот сектор, рече министерката, и додаде дека законите се донесени, но за целосен успех мора да се затвори процесот, односно да профункционира Советот за граѓански надзор и да се ангажираат експерти кои дополнително на пратениците ќе им обезбедат знаење и вклученост на членовите на собраниската Комисија во спроведувањето на надзорот.

Достигнувањата во оваа сфера, дополни Петровска, се препознаени и од Европската Унија.

„Во неодамна објавениот извештајот од Европската комисија се признаваат напорите што се вложени изминатиов период, а тоа апсолутно не се напори само на една влада или одредени министри, туку се напори на целото општество”, потенцираше Петровска.

Министерката се осврна и на надзорот во оваа област, особено во контекст на воената служба за безбедност и разузнавање и истакна дека согласно Концептот МКД 2030 промовиран во Министерството и согласно стратешките документи на НАТО алијансата, формиран е комитет кој има задача да отвори јавна дискусија за тоа како треба да биде регулирано ова прашање.

Можете да прочитате

Раст на инвестициите: Македонско-Бугарската Комора повика на поблиска соработка

Искршен штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода

Се одржа Годишно Собрание на Македонско-Бугарската стопанска комора