Утрински Весник
Спорт

Европската Суперлига не се откажува – назначен е нов директор

Европската Суперлига не се откажува – назначен е нов директор

Поранешниот прв човек на германската телевизија РТЛ Берн Рајхарт е избран за нов извршен директор на компанијата „А22 Спорт Менаџмент“, која стои зад проектот на европската суперлига.

dobivaj vesti na viber

Во април минатата година, 12 клуба го започнаа проектот наречен Европска Суперлига, но девет клуба (Арсенал, Челзи, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Тотенхем, Интер, Милан и Атлетико Мадрид), поради критиките на јавноста и политичките притисоци, по само 48 часа излегоа од проектот.

Суперлигата сега ја поддржуваат Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, а одлуката за именување на нов директор доаѓа во момент кога се чека одлуката на Европскиот суд на правдата за тужбата, поднесена од Суперлигата.

Таа организација ја тужеше УЕФА за монопол над меѓународните натпреварувања, како што е Лигата на шампионите.

Се очекува нов план за организација на Суперлигата во која би биле вклучени повеќе клубови од други земји без разлика на конечната одлука на судот во Луксембург.

Судот ќе донесе необврзувачко мислење на 15. декември, а конечната пресуда се очекува следната година.

„Неговиот првичен фокус ќе биде да иницира активен и проширен дијалог со група фудбалски чинители, вклучувајќи клубови, играчи, тренери, навивачи, медиуми и креатори на политики“, се вели во соопштението на компанијата.

Рајхарт изјави дека ги поддржува претседателите на Реал, Барселона и Јувентус.

„Верувам дека ги поставуваат вистинските прашања и јас лично сакам да слушам многу различни ставови, за да може европската фудбалска заедница заедно да ги најде вистинските одговори“, рече тој.

Можете да прочитате

Српски фудбалер Гудељ кој за малку ќе умреше на теренот: „На трибините имаше Божји ангел!“

РК Вардар ги пушти во продажба билетите за мечот со Порто

Барселона казнета со 500.000 евра поради лажни финансиски извештаи