Утрински Весник
Македонија

„Нов АСНОМ“: Со одлуката за забрана на македонски клуб во Благоевград се рушат вредностите на ЕУ

„Нов АСНОМ“: Со одлуката за забрана на македонски клуб во Благоевград се рушат вредностите на ЕУ

Здружението на граѓани „Нов АСНОМ“ објави дека членовите на Македонскиот културен клуб Никола Вапцаров се состанале во Благоевград и го разгледале писмото добиено од Комисијата за заштита на дискриминација на Република Бугарија.

dobivaj vesti na viber

„Со тоа, членовите на клубот демонстрираа храброст, непокор и слободоумие и ќе продолжат со собирање во просториите на клубот Никола Вапцаров во Благоевград се до негово затворање, ако воопшто тоа се случи“, велат од „Нов АСНОМ“.

Оттука образложија дека правото на здружување е фундаментално право втемелено во Членот 2 од Договорот на ЕУ и е едно од темелните вредности на Европската Унија.

„Со вчерашната одлука на советот на Град Благоевград, се рушат темелните вредности на Европската Унија. Еве го резултатот од потпишаниот договор за добрососедство со Република Бугарија, Бугарски одлуки со кои се рушат темелните вредности на Европската Унија која не реагира на истите“, велат од „Нов АСНОМ“.

Организацијата  целосно го подржува клубот Никола Вапцаров во неговите напори да Македонците од Бугарија се здружуваат во здруженија, а со забранетата организација Македонски клуб за етничка толерација од Благоевград превзема конкретни чекори со кои ги промовира и брани европските темелни вредности.

Претходно, Советот на општината Благовград во Пиринска Македонија донесе решение да не се дозволи отворање на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ затоа што, како што велат, тоа било антибугарска провокација. Образложението е дека Благоевград „нема да биде центар за слични пропагандни провокации и дека таму нема место за македонисти“.

Претседателот на ОМО Илинден Пирин Стојко Стојков изјави дека е неразбирливо како Општината Благоевград носи одлука за забрана на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, а не ги информира основачите.

„Наместо да ги информираат подносителите на барањето, Македонското меѓународно движење за човекови права, основачи на Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, општинарите на Благоевград шират вести низ медиумите. Така Македонците во Бугарија преку македонските медиуми дознаваат дека Општина Благоевград е против клубот и против „македонизмот“. Луѓе во општината кои, ако самите не се Македонци, тогаш секако имаат роднини и пријатели кои се со македонски идентитет и самосвест, од страв или злоба излегуваат со такви апсурдни ставови против еден културен клуб. За нив провокација е клуб кој носи обединувачко и смирувачко име на голем поет. За Бугарија провокација е вистината дека во неа живее и македонски народ. Жална работа“, напиша Стојков.

Можете да прочитате

Д-р Лазаров: Сите вработени во ЗОО заедно со овие стручњациве у скафандер без маска да идат у изолација

Мицкоски: Зголемување на платите во образованието подразбира повисоки плати за сите вработени, наставници, професори и технички персона

Прилеп ќе ги награди пожарникарите со 900 000 денари за пожртвуваноста за справување со големиот пожар во Мариово