Утрински Весник
Спорт

Меси: Франција и Бразил се фаворити во Катар

Меси: Франција и Бразил се фаворити во Катар

Аргентинскиот капитен, Лионел Меси вели дека актуелните шампиони Франција и Бразил се први фаворити за победа на Светското првенство во Катар бидејќи имаат група на играчи кои долго време играат заедно.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за „Директ ТВ“, Меси вели дека Бразил, Германија, Франција, Англија и Шпанија секогаш се фаворити пред големите натпреварувања, но ги посочува Франција и Бразил како репрезентации кои се чекор понапред пред првенството од 20 ноември.

„Секогш ги посочуваме истите големи тимови…. Но, ако морам да избирам, Бразил и Франција се први кандидати за титулата од Светското првенство. Ја имаат истата група играчи долго време, функционираат добро. Франција, освен на последното Европско првенство, ги имаат истите импресивни играчи. Имаат јасна идеја под селекторот. Истото е и со Бразил“, вели Меси.

Тој не ги спомена Аргентинците, иако немаат пораз во 35 меча, а минатото лето го освоија трофејот од Копа Америка со победа над Бразил во финалето. Аргентина последниот тест пред СП го има против Обединетите Арапски Емирати во ноември, а на СП се во група со Саудиска Арабија, Мексико и Полска.

Можете да прочитате

Реал ќе го стави Чуамени на трансфер-листата

Миовски двоен стрелец за Жирона во триумфот над Екстрамадура

Повредите го масакрираа Сити – Гвардиола остана без речиси целиот тим