Утрински Весник
Македонија

Тасевски на конференција на шефови на полиции во САД

Тасевски на конференција на шефови на полиции во САД

Во периодот од 15 до 18 октомври, директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, и помошник-министерот за обука, Суза Тасевска, на покана на ИЦИТАП присуствуваа на годинешната конференција за шефови на полиции во организација на Меѓународната асоцијацијата на шефови на полиции – IACP.

dobivaj vesti na viber

Програмата на конференцијата имаше два основни столба, првиот добросостојбата на полицискиот службеник, а другиот зголемувањето на бројот на жени лидери во полицијата.

Македонската делегација, предводена од директорот Тасевски, зеде учество и присуствуваше на неколку работилници и предавања, како и на сесија на генералното собрание на асоцијацијата, каде што се обрати и главниот јавен обвинител на САД, Мерик Гарланд, а свое обраќање преку видеолинк имаше и претседателот на САД, Џо Бајден.

На генералното собрание беа прогласени најдобриот полицаец од САД за 2022 година и уште 22 полициски службеници, кои во текот на годината покажале исклучителни резултати во својата работа.

На маргините на конференцијата, во организација на главната канцеларија на ИЦИТАП, се оствари и средба помеѓу помошникот главен јавен обвинител, Кенет Полајт, и странските делегации. На оваа средба директорот Тасевски се заблагодари за исклучителната поддршка што ИЦИТАП ѝ ја дава на македонската полиција во изминатите 20 години. Особено важно е што македонската полиција се развива во правец на грижа за добросостојбата на полициските службеници, спроведена преку програмата „Сина храброст“ на ИЦИТАП, во правец кој е идентификуван и од самата асоцијација како неопходна инвестиција за подобрување на менталното здравје на полицискиот службеник и неговото семејство.

На крајот на оваа средба, во присуство на помошник-главниот јавен обвинител Кенет Полајт и Грегори Дукот, извршен директор на ИЦИТАП, директорот Тасевски му врачи признание на полицискиот аташе во Република Северна Македонија, Карл Ришхајм, и му се заблагодари за досегашната поддршка и воведувањето на клучните проекти.

Можете да прочитате

Неофицијално – Донесена одлука за утврдување одговорност за судијата Пајазити, поради бегството на Блерим Рамадани

Мицкоски очекува утре институциите да објават податоци кои се потврда на политиките на краток рок

Пациентите со ХИВ стравуваат дека ќе останат без терапија