Утрински Весник
Спорт

Иранка настапи без хиџаб, а ден потоа ѝ се губи трагата

Иранка настапи без хиџаб, а ден потоа ѝ се губи трагата

Иранската натпреварувачка во качување, Леназ Рекаби, настапи на Азиското првенство во Јужна Кореја во неделата, а нејзиниот настап предизвика контроверзии бидејќи се појави без хиџаб и ја откри косата во опавче во знак на протест против строгите закони во Иран. Ден потоа и се губи трагата, јавува „Би-Би-Си“.

dobivaj vesti na viber

Рекаби во понеделникот се сретна со ирански функционер, а пријателите и семејството велат дека после тоа изгубиле контакт со неа. Иранската амбасада во Јужна Кореја објави дека Рекаби се вратила во Техеран во вторникот и „остро ги демантираше лажните вести и дезинформациите“.

Од друга страна, дописникот на „Би-Би-Си“ од Блискиот Исток тврди дека постои страв дека Рекаби ќе биде одведена во затвор веднаш по слетувањето во Иран.

Пред две години, иранската шаховска судијка Шорех Бајат беше снимена на натпревар во Кина без хиџаб, па иако се оправдуваше дека носи шамија над главата која можеби и се лизнала, таа не се вратила во Иран, туку побарала азил во Велика Британија од страв дека по враќањето дома ќе заврши во затвор.

Жените во Иран мора да носат хиџаб на главата, а рацете и нозете мора да им бидат покриени со широка облека. Рекаби претходно се натпреваруваше во таква пропишана облека, но ова беше нејзино прво натпреварување откако младите Иранки почнаа јавно да протестираат против строгите закони.

Можете да прочитате

IN MEMORIAM: Слободан Трајковски, велосипедски активист и човекот што го развиори македонското знаме на „Тур Д`Франс“

Јокиќ со трип-дабл, а дабл-дабл за Дончиќ, Зубац, Нуркиќ, Вучевиќ

Џек Милер: Имав среќа, се извлеков