Утрински Весник
Спорт

Скандал после дербито: Нападнат автобусот на Манчестер сити

Скандал после дербито: Нападнат автобусот на Манчестер сити

Ливерпул и Манчестер сити вчера го одиграа дербито од 11. коло во англиската Премиер лига. Конечниот резултат беше 1:0 во корист на Ливерпул, а победата ја донесе Салах со гол во 76. минута. Претходно, на почетокот на вториот дел, голот на Фоден беше поништен поради претходен фаул на Халанд при истата акција.

dobivaj vesti na viber

По натпреварот на „Енфилд Роуд“ дојдоа тешки обвинувања од таборот на Манчестер сити против домаќините. Имено, нападнат е автобусот на англискиот шампион.

Во таа прилика бил фрлен предмет кој го оштетил прозорецот на автобусот, но не го скршил целосно, пишува „Скај спортс“.

Можете да прочитате

Дресот на Пеле од финалето на СП 1958 продаден за 4.8 милиони долари

Нов проблем за ФИФА и одигрувањето на финалниот натпревар

Тенисерките примиле над 12.000 навредливи пораки на социјалните мрежи