Утрински Весник
Култура

Операта „Норма“од Винченцо Белини на сцената на Националната опера и Балет

Операта „Норма“од Винченцо Белини на сцената на Националната опера и Балет

На сцената на Националната опера и Балет, на 21 октомври 2022, со почеток во 20 часот, ќе се изведе една од водечките белканто-опери во светската оперска литература, ремек-делото на Винченцо Белини, „Норма“.

dobivaj vesti na viber

„Норма“ е трагична опера во два чина, најмногу се поврзува со магичната арија-молитва на Норма, Casta Diva. Трогателна приказна за друидската свештеничка и нејзината саможртва во име на љубовта.

Под диригентската палка на Иван Еминовиќ, во режија на Ренато Бонајуто (Италија), сценограф и костимограф е Флавио Арбети (Италија), коавтор на костимите: Марија Пупучевска, концерт-мајстор: Јане Бакевски, хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ.

Во насловната улога ќе настапи Весна Ѓиновска-Илкова, во улогата на Полионе, Зоран Сотиров, во улогата на Адалџиза ќе настапи Сандра Митровска, во улогата на Оровезо, Владимир Саздовски, во улогата на Клотилде, Соња Пендовска-Мадевска, во улогата на Флавио, Дејан Стоев, Деца: Василиј и Стефан Дашиќ.

Настапуваат хорот и оркестарот на Националната опера и Балет.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“