Двејн Д’рок Џонсон откри дека сонува да добие „Оскар“.
50-годишниот актер, кој стана ѕвезда во 90-тите како професионален борач, се надева дека еден ден ќе ја освои златната статуетка.
„Би сакал да добијам Оскар еден ден. Би сакал да застанам на сцената за Оскари,“ рече тој во интервју за „ЕТ Канада“.
Борачот кој стана актер дури и размислил што би можел да каже во говорот за прифаќање.
„Размислувам како би изгледал тој говор, на кого би му се заблагодарил, што би рекол.“
Двејн претходно призна дека тоа што е прогласен за најплатен актер во светот е неверојатно задоволство.
Запрашан дали тоа е важна пресвртница во неговата кариера, Двејн објасни: „Тоа е возбудливо и неверојатно радува. Но, сè што сум постигнал е резултат на големата верба во себе и решеноста да успеам во животот.“
„Морав да се кренам од подот и да работам многу напорно за да се вратам во животот“.
Двејн инсистира на тоа дека морал „да гребе и да граби“ на својот пат до успехот во Холивуд.
И тој се надева дека актерите-аспиранти, односно амбициозните почетници можат да пронајдат инспирација во неговата кариера.