Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: На неспособната влада секој и смета, сега граѓаните се виновни за студените радијатори

ВМРО-ДПМНЕ: На неспособната влада секој и смета, сега граѓаните се виновни за студените радијатори

Граѓаните со оваа власт предводена од дезертерот Ковачевски се наоѓаат пред неизвесна грејна сезона. Едно е извесно, а тоа е дека за својот несупех власта ќе ги обвинува де опозицијата, де граѓаните. Последно е дека граѓаните се виновни за тоа што огромен дел од корисниците на централно парно во Скопје имаат ладни радијатори. На неспособна влада секој и смета, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ Вистината е дека грејната сезона ги изненади пак. Секоја сериозна држава обезбедува ресурси на време, а нашата власт тоа го прави во последен момент со огромна незивесност како и дали ќе го направи тоа. Функционнираат беспрекорно само кога се работи за крадење и местење на тендери.Затоа Македонија е земја во која компаниите плаѓаат најскапа цена за електрична енергија во цел регион. Ова е една од причиние поради која економијата ни има прогноза за најнизок раст во Европа (единствено полош раст од Македонија се очекува да имаат Русија и Украина). Затоа над 12 илјади компании ставиле клуч на врата за година дена, а со неодговорноста на власта во енергетска криза веројатно и уште неколку илјади други до крајот на годината.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ како одговорна и државотворна партија подава рака и нуди решенија за енергетската и економската криза во која се наоѓа државата. Тие се конкретни мерки за економијата и конкретна помош за енергетиката. Владата и Ковачевски треба да се одважат и да ги прифатат. Нивната самобендисаност ја донесе Македонија до амбисот. Време е да се вразумат“ порачаа од партијата.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт