Извештајот на Европската Комисија покажува дека владата не е фокусирана на реформи, туку е фокусирана на криминал и корупција. Впрочем Извештајот покажува дека во 35 поглавја не само што нема напредок, туку нотирано е назадување, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„ Европската Комисија забележува за нејасни економски мерки и потези, суштински реформи во администрацијата, потреба од зајакнување на капацитетот за парламентарен надзор над разузнавачките служби, злоупотребата на европскотто знаменце и ограничувањето на институтот пратенички прашања во Собранието, истите препораки за борба против корупција
Владата дури не ги зела предвид ниту нотираните забелешки од извештаите од 2020 и 2021 година. Тоа ја покажува целата непосветеност и неодговорност на власта на Ковачевски.
Во 6-те клучни кластери, Македонија нема подобра оценка од претходните години во НИТУ ЕДЕН од нив. Ова покажува дека оваа власт предовдена од дезертерот Ковачевски единствено е ангажирана во креирање на картели, местење на тендери и делење на државни бизниси на свои блиски фирми. На тој начин тие лично се богатат а перспективата на граѓаните ја уништуваат. За доброто на Македонија и на народот е оваа власт поскоро да замине“ додаваат од опозициската партија.