Утрински Весник
Спорт

„Дајте му ја Златната топка на Бензема“

„Дајте му ја Златната топка на Бензема“

Вчера Реал Мадрид ја победи Барселона со 3:1 во „Ел Класико“ во рамките на деветтото коло од шпанската Ла Лига. Стрелци за Реал беа Бензема, Валверде и Родриго.

dobivaj vesti na viber

Во редот за врска кај Реал уште еднаш доминираа Тони Крос и Лука Модриќ. Хрватскиот репрезентативец по мечот имаше порака за луѓето кои се вклучени во гласањето за Златната топка.

„Навистина сме среќни поради овој натпревар, мислам дека бевме извонредни. Кога ќе игра Карим Бензема, сите знаеме што ќе се случи. Се надевам дека ќе ја освои Златната топка, со она што го прави за нас тој го заслужува тоа“, изјави Модриќ.

Инаку, Модриќ ја освои Златната топка во 2018 година.

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026