Утрински Весник
Спорт

Фиго за славниот трансфер во Мадрид: Сите луѓе не го сакаат Бог, зошто би ме сакале мене?

Фиго за славниот трансфер во Мадрид: Сите луѓе не го сакаат Бог, зошто би ме сакале мене?

Португалската фудбалска легенда Луиш Фиго во интервју за „Гардијан“ повторно зборуваше за неговиот славен и контроверзен трансфер од Барселона во Реал Мадрид пред денешното „Ел класико“.

dobivaj vesti na viber

Иако неодамна кажа многу работи во документарниот филм „Случајот Фиго“, Португалецот сега се отвори за цената која морал да ја плати за тогашниот трансфер од рекордни 62 милиони евра во 2000 година, признавајќи дека се плашел од физички напад на гостувањето на „Ноу Камп“.

„Денеска, фудбалерите имаат одредена заштита. Јас тогаш се чувствував како да имам прес-конференција секој ден. Тоа те исцрпува. Почнавме со турнеја, потоа тука беше ривалството, притисокот, цената која морав да ја платам. Сите луѓе не го сакаат Бог, зошто би ме сакале мене? Мојата единствена грижа беше да не се случи нешто физички при враќањето на ‘Ноу Камп’, некој лудак. Но, да се излезе и да се игра фудбал? Неее.. Во фудбалот нема причина да си исплашен“, вели Фиго.

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија