Утрински Весник
Магазин

Клуни: Се дружев со Трамп, таков човек не треба да биде претседател

Клуни: Се дружев со Трамп, таков човек не треба да биде претседател
Dik 300x250 mk

Светски познатиот актер, Џорџ Клуни (61) гостуваше во „Си-Ен-Ен“ каде меѓудругото разговараше и за политика.

dobivaj vesti na viber

Клуни е познат како противник на Доналд Трамп, па новинарот го праша што мисли за неговите намери повторно да се кандидира за претседател во 2024 година.

Клуни рече дека се дружел со Трамп во 2000-тите и го имал неговиот телефонски број.

„Тој беше типот што доаѓаше во баровите и ме прашуваше кои келнерки се слободни. Знаете, таков беше“ – раскажува Клуни, додавајќи дека „фраер“ како него не треба да биде претседател.

„Верувам дека нашата демократија ја плати цената за тоа. Загрижен сум за можноста тој да се врати, не мислам дека шансите се големи, како што некои мислат, но загрижен сум. Мислам дека сме во време кога ни требаат интересни кандидати“ – додаде Клуни.

Можете да прочитате

Зошто првиот оброк по породувањето е толку сладок?

Необична пресуда во Франција: Сопственичка на маче казнета со 1.250 евра

Четири грешки во кујната што ја намалуваат хранливата вредност на вашите оброци