Утрински Весник
Свет

Напад на воен полигон во Русија, најмалку 11 загинати и 15 повредени

Напад на воен полигон во Русија, најмалку 11 загинати и 15 повредени
Dik 300x250 mk

Најмалку две вооружени лица од Таџикистан отвориле оган на воен полигон во западна Русија, објави Ura.ru.

dobivaj vesti na viber

Руското Министерство за одбрана потврди дека има најмалку 11 загинати, меѓу кои и двајцата напаѓачи, а 15 лица се повредени. Руските медиуми јавуваат дека станува збор за „терористички чин“.

Инцидентот се случи вечерва кога било пријавено пукање на стрелиште во Солоти, мала заедница во близина на украинската граница, на околу 105 километри источно од Белгород.

Според новинската агенција РИА, двајца напаѓачи отвориле оган врз група доброволни борци за време на обука на полигонот.

Министерството за одбрана на Русија потврди дека двајца државјани на земја од ЗНД извршиле „терористички чин“ во регионот, но не се соопштуваат повеќе детали.

ЗНД се однесува на Комонвелтот на независни држави, кој ги вклучува Русија, Таџикистан, Казахстан, Белорусија и неколку други земји.

Претходно рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во рамките на мобилизацијата се повикани повеќе од 200.000 резервисти и дека повеќето од нив се уште се на обука.

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа