Утрински Весник
Спорт

Италија ја освои бронзата на СП

Италија ја освои бронзата на СП

Женската одбојкарска репрезентација на Италија го освоија бронзениот медал на Светското првенство во Холандија и Полска. Тие во мечот за третото место ги совладаа Соединетите Американски Држави во три сета. Резултатот по сетови беше 25:20, 25:15 и 27:25.

dobivaj vesti na viber

Италијанките не им дозволија на ривалките сериозно да им се заканат во првите два сета, а само во третиот сет Американците покажаа заби, но тоа не беше доволно за да внесат неизвесност во „малото финале“.

Најдобра во победничкиот тим уште еднаш беше Паола Егону со 25 поени, додека кај Американките со 10 поени се истакна Андреа Друс.

Во финалето се среќаваат Србија и Бразил со почеток од 20 часот, а Србинките имаат можност да го одбранат светскиот трон.

Можете да прочитате

Реми на македонските ракометари со Австрија

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал