Утрински Весник
Спорт

Хофенхајм убедлив против Шалке

Хофенхајм убедлив против Шалке

Хофенхајм ја прекина лошата низа од три меча без триумф и успеа да слави убедлива победа (0:3) на гости против Шалке. По оваа победа Хофенхајм се искачи на третата позиција на табелата со 17 бода.

dobivaj vesti na viber

Роберт Сков во 11.минута од пенал погоди за водство на Хофенхајм, а Минас Дабур зголеми на 0:2 пред крајот на првиот дел.

Во второто полувреме Роберт Сков постигна уште еден погодок и го завери триумфот на гостите.

Можете да прочитате

Форбс ја објави листата на најбогатите фудбалски ѕвезди – Роналдо убедливо на врвот

Џорлев освои злато на Светското карате првество за кадети, јуниори во Полска

Тебас: Не знам колку пати досега Реал побарал моја оставка