Утрински Весник
Спорт

Гвардиола: Ливерпул и понатаму е нашиот најголем конкурент за титулата

Гвардиола: Ливерпул и понатаму е нашиот најголем конкурент за титулата

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, тврди дека Ливерпул и понатаму е најголемиот конкурент на „граѓаните“ за првото место во Премиер лигата. Шпанскиот стратег вели дека воопшто не ја гледа табелата, каде што сега Ливерпул заостанува 13 бода зад Манчестер сити.

dobivaj vesti na viber

„Секогаш било тешко против Ливерпул и не се сомневам дека таков дуел нѐ очекува и в недела. Натпреварот ќе го решаваат фудбалерите на теренот, а не пласманот на табелата. Тие и понатаму се наш најголем ривал за титулата. Ако преостануваа само три натпревари до крајот на сезоната, ќе речев дека немаат шанси да стигнат до врвот, но со толку многу натпревари до крајот и плус околностите со Светското првенство, сè може да се случи“, изјави Гвардиола.

Ливерпул ќе го пречека Манчестер сити в недела на „Енфилд роуд“.

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет