Утрински Весник
Македонија

Шаќири: Вмрежувањето помеѓу германски и македонски институции и компании е пример за одличната соработка помеѓу двете земји

Шаќири: Вмрежувањето помеѓу германски и македонски институции и компании е пример за одличната соработка помеѓу двете земји

Соработката помеѓу компаниите секогаш придонесува за размена на идеи и искуства, а посебно кога станува збор за соработка на домашни и странски професионалци во своето поле на дејствување. Досегашната соработка помеѓу Северна Македонија и Германија, ни дава за право да се надеваме на поголем развој на нашата економија и општество.

dobivaj vesti na viber

Ова го изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната хибридна средна за вмрежување помеѓу германски и македонски институции и компании, посочувајќи дека тоа одличен е пример за соработката помеѓу двете земји.

– Како министер за образование и наука, сакам да изразам огромна благодарност за подадената рака од Владата на Сојузна Република Германија, која помогна нашите средни стручни училишта да го преземат моделот на учење преку работа, односно дуалното образование, кое изминативе неколку години бележи огромен напредок и предизвика зголемен интерес, не само кај учениците, туку и кај компаниите кои увидоа дека преку инвестирање во образованието, полесно обезбедуваат квалитетен и обучен кадар, кој веднаш по завршување на средното училиште е подготвен да се вклучи во работните и организациски процеси, потенцираше Шаќири.

Обезбедувањето квалитетен кадар, рече министерот, носи придобивки за македонските и европските претпријатија, придонесува за развој на техниката и технологијата, со што се олеснува и функционирањето во одредени гранки.

Можете да прочитате

Левица: Државата месец дена е без Народен правобранител

Активни два пожари, под контрола еден, еден изгаснат

Мисајловски: Набавката на италијанските хеликоптери е во тек, тие ќе можат да дејствуваат и на пожарите