Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Општина Аеродром: Започна реализацијата на „Clean AirDrom“, инвестираме во иновативен модел за управување со отпад

Општина Аеродром: Започна реализацијата на „Clean AirDrom“, инвестираме во иновативен модел за управување со отпад
Img 7972

Во Општина Аеродром почнува реализацијата на проектот Clean AirDrom кој се спроведува во рамки на програмата „ЕУ за општините“.

dobivaj vesti na viber

Целта на проектот е да придонесе за зголемена одржливост на урбаното живеење во Општина Аеродром преку воведување иновативен модел за управување со отпад, при што низ целиот процесот на селектирање и правилно одложување на отпадот, главната улога ја имаат граѓаните.

Фокусот на „Clean Airdrom“ е насочен кон значително намалување на комуналниот отпад, воспоставување на функционален систем за селекција на отпад во Општина Аеродром и поддршка во транзицијата кон циркуларна економија. Овој проект е од огромно значење за општината и државата, бидејќи не само што придонесува до почиста и здрава околина, туку и претставува мост до Европската Унија. Преку овој модел на зајакнување на капацитетите на општините за справување со големите количини отпад, како и едукација на граѓаните за важноста од селектирање и рециклирање, директно придонесуваме во насока на исполнување на критериумите од поглавјата поврзани со еколошки прашања и животната средина, посочуваат од општината.

Проектот е финансиран од Европската Унија, кофинансиран од Швајцарската агенција за поддршка и развој преку Министерството за локална самоуправа, а Општина Аеродром ја предводи ефективната имплементација на проектот, во партнерство со Центарот за поддршка на бизнис – Омниум ДООЕЛ Скопје и Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина – Гоу Грин.

Можете да прочитате

По расправија за направена сообраќајка, 19-годишник избодел сограѓанин, па се обидел да избега од државата

Емил Николовски: 90% лаги на Орце, од 30 каптални ветувања нема остварено ниту едно

Мицкоски: Aпликацијата m.Uslugi ќе ја промени државата од корен