Утрински Весник
Македонија

Приведени тројца крадци од Скопје, пронајдени пиштол, муниција и предмети од извршени кривични дела

Приведени тројца крадци  од Скопје, пронајдени пиштол, муниција и предмети од извршени кривични дела
Dik 300x250 mk

Денеска во периодот од 05.40 до 06.30 часот на подрачјата на ЕВР Центар и Бит Пазар и ЕВР Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Ш.(40), Ф.В.(26) и В.Р.(20), сите од Скопје. Тие се сомничат дека извршиле повеќе кривични дела „тешка кражба“ во куќи, станови и правни лица на подрачјето на Скопје.

dobivaj vesti na viber

По наредба на судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, полициски службеници од СВР Скопје во координација со Одделот за криминалистичка полиција при МВР извршиле претреси на пет локации во Скопје.

При претрес во домот на А.Ш. биле пронајдени и одземени пиштол „глок 19“ со четири рамки и 33 куршуми калибар 9мм, ремен од автоматска пушка, ласерски нишан за пиштол и други предмети поврзани со кривичните дела. Додека при претреси во домовите на Ф.В. и В.Р. биле пронајдени и одземени повеќе часовници од познати брендови и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичните дела.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави по член 236 и член 396 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

Евроамбасадорот Рокас во Собранието ќе го презентира Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија

Давкова за изјавата на Фон дер Лајен: На средбата кај мене не стана збор ниту за топка, ниту за двор

Започна 16-тата Школа за млади лидери „Младинска агенда за одржлив свет”