Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Фронтекс на македонски јазик, потонаа лагите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 40 часа се оштетени за близу 11 милиони денари

Република Северна Македонија наскоро ќе го потпише својот прв официјален договор со Европската унија и тоа на македонски јазик, без какви било фусноти и дополнителни објаснувања. Станува збор за Договорот за гранично управување, попознат како Фронтекс, а Советот на ЕУ веќе ја донесе одлуката за потпишување, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата наведуваат дека уште еднаш потонаа лагите на Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ за наводно загрозување на македонскиот јазик и македонскиот идентитет, за некаква асимилација и бугаризација.

Напротив, со одлуката на Советот на ЕУ македонскиот јазик, признаен и заштитен на голема врата влегува во Европската унија, за да стане еден од официјалните јазици на големото европско семејство, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Ужас во Гостивар, илјаници затруени, ОЈО го проверува водоводот

За 35 години од Република Албанија се иселиле 1,8 милиони повеќе лица отколку што се вратиле

Валдата ја продолжи кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври