Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава против скопјанец за даночно затајување

Кривична пријава против скопјанец за даночно затајување

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р.Т.(48) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело даночно затајување.

dobivaj vesti na viber

Пријавениот, во периодот од 2018, 2019, 2020 и 2021 година, за секоја година поединечно, реализираните приливи на парични средства не ги пријавил како личен доход и не поднел задолжителна Годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи како даночен орган.

На тој начин тој избегнал да плати данок на личен доход од 10% за реализираните приливи за 2018 година во вкупен износ од 34.470 евра, за 2019 година во вкупен износ од 68.976 евра, во 2020 година 925.850 денари и 104.100 евра и за 2021 година во износ од 71.000 евра.

Со ваквото дејствие пријавениот го оштетил буџетот за вкупен износ од 1.728.465 денари, а за себе во истиот износ прибавил противправна имотна корист.

Можете да прочитате

Два авиона „Ер трактор“ се вклучуваат во гасењето на пожарот кај Желино – Зафатена е и сува трева покрај автопатот

АНБ: Одземени огнено оружје и мобилни уреди при извршени претреси на две локации во Скопје

Следната недела доаѓа тежок празник: Сите треба да се воздржиме од оваа лоша навика