Утрински Весник
Свет

Зеленски побара демилитаризација на нуклеарната централа Запорожје

Зеленски побара демилитаризација на нуклеарната централа Запорожје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека нуклеарниот регулатор на ОН треба да ја притисне Русија да дозволи демилитаризација на нуклеарната централа Запорожје, која со месеци наназад е окупирана од Москва, јавија британските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Зеленски денеска преку видео обраќање зборуваше пред Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), најважното европско тело во областа на заштитата на човековите права. По обраќањето на украинскиот лидер парламентарците од ПССЕ му поставуваа прашања, а Зеленски во своите одговори, меѓу другото, кажа дека Украина моментално располага со само околу 10 отсто од потребниот капацитет за воздушна одбрана.

Во својот говор пред ПССЕ, Зеленски ја отфрли опцијата за дипломатски контакти со Русија и додаде дека не е можно да се водат дипломатски преговори со лидери кои не го почитуваат меѓународното право.

Можете да прочитате

Санчез бара отворање на Хормуз: Светот не смее да ја плати цената на оваа војна

СЗО се подготвува за нуклеарна војна на Блискиот Исток

Руте: Очекувам Европа да се обедини околу Иран