Утрински Весник
Македонија

Приведено лице од Скопје, осудено на 13 години затвор

Приведено лице од Скопје, осудено на 13 години затвор

На 12.10.2022 во 21.50 часот на ул.„Охридска“ во Скопје, полициски службеници од тим потраги при Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода С.Б.(55) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Тој бил осуден на 13 години казна затвор за сторено кривично дело по член 123 од Кривичниот законик, а бил баран по распишана централна потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на 30 месеци од казната.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

Можете да прочитате

Филипче: Глигоров има историски заслуги за независноста по мирен пат

Мистериозна смрт во Битола: Пред да биде пронајден мртов, камера снимила како човек го влече струмичанецот по Широк Сокак

АХВ: Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани