Утрински Весник
Магазин

Киjану Ривс и режисерот ја напуштија серијата на Ди Каприо и Скорсезе

Киjану Ривс и режисерот ја напуштија серијата на Ди Каприо и Скорсезе

Работите не тргнаа на добро за серијата „Ѓаволот во белиот град“ на Леонардо ди Каприо и Мартин Скорсезе.

dobivaj vesti na viber

Два месеца откако беше потврдено дека Кијану Ривс ќе ја води адаптацијата на истоимениот бестселер, по нарачка на стриминг-платформата „Хулу“, холивудскиот портал „Вараети“ дознава дека ѕвездата на „Матрикс“ повеќе не е дел од проектот. И режисерот, Тод Филд,  се откажал по заминувањето на Ривс.

Упатени извори тврдат дека стримерот веќе бара замена за главен протагонист во драмата, која го загуби и режисерот. Заснован на книга на Ерик Ларсон, овој проект беше во различни форми на развој повеќе од една деценија, па дури се разгледуваше идејата за игран филм.

Во најавата за серијата крими-драма што требаше да се емитува на „Хулу“ од август, се наведува: „Ѓаволот во белиот град ја раскажува вистинската приказна за Даниел Х. Барнхем – визионерски архитект кој сака да остави свој белег во историјата со Светскиот саем во Чикаго во 1893 година, и доктор Ејч Холмс, првиот модерен сериски убиец во Америка и човекот кој стои зад озлогласениот Замок на убиства, изграден во сенка на саемот.

Ривс требаше да го глуми архитектот кој се обидува да испише историја додека во градот се случуваат мистериозни убиства, што ќе беше негова прва голема телевизиска улога.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста