Утрински Весник
Магазин

Емили Ратајковски откри дека е бисексуалка среде бракоразводна постапка

Емили Ратајковски откри дека е бисексуалка среде бракоразводна постапка
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Мадона можеби покрена тренд бидејќи, неколку часа откако навести дека е геј на „Тик-ток“, и Емили Ратајковски се идентификува како бисексуалка во своето видео.

dobivaj vesti na viber

Емили се чини дека е бисексуалка иако се шират шпекулации за наводна врска со Бред Пит, објавија таблоидите, додавајќи дека супермоделот (31) ги натера фановите да се прашуваат дали е сериозна, кога се приклучи на Тикток-трендот кој прогласува дека личноста е бисексуална ако поседува зелена кадифена софа.

„Ако се идентификувате како бисексуалец, дали поседувате кауч од зелено кадифе?“ гласи прашањето. Во видето што го сподели, Емили ја врти камерата кон себе и таков кауч во нејзината дневна соба. На крајот таа мистериозно се насмевнува.

Веднаш по објавата, почнаа да се нижат коментари: „Уште една победа на жените“, „Ова е една од многуте работи што не ги очекував“,„Толку многу познати жени се откриваат и јас едноставно го сакам тоа“.

Израдувани од видеото што навестува дека Емили е дел од ЛГБТК+ заедницата, многу од нејзините следачи на Тик-ток коментираа: „Јас не сум геј, но чувствувам дека ова е победа“.

Таблоидите потсетуваат дека Емили неодамна поднесе барање за развод од нејзиниот сопруг Себастијан Бер-Меклард, а сега се шпекулира дека е со Бред Пит.

Судските документи до кои дојде „Пејџ сикс“, супермоделот, која е воедно и сопственичка и дизајнерка на „Инамората“, барањето за развод го поднела во Врховниот суд на Менхетен на 8 септември.

Емили, наводно, многу често е во друштво на Бред Пит. Според „Пипл“, кој цитира анонимен извор, нивните пријатели не се сигурни дали е сериозно, бидејќи се чини дека не се формално во врска.

Можете да прочитате

Италија го казни Apple со скоро 100 милиони евра

Домашните миленици го подобруваат менталното здравје на сопствениците

Поларните мечки генетски се прилагодуват на потоплата клима