Милан го доживеа и вториот пораз од Челси во Лигата на шампионите. Англискиот тим, синоќа на „Сан Сиро“, победи со 2:0. Головите во првото полувреме ги постигнаа Жоргињо од пенал и Обамејанг.
Победникот го реши одлуката на судијата да го исклучи играчот на Милан, Фикајо Томори по само 18 минути игра. Тренерот на италијанскиот шампион Стефано Пиоли, беше лут по завршувањето на натпреварот.
„Му кажав на судијата што мислам за него. Мојот англиски не е особено течен, но сигурен сум дека ме разбра што му кажав. Многу лесно ја донесе одлуката. Имавме шанси да се вратиме и после тоа. Штета, пред почетокот на натпреварот имавме чувство дека ова е наша ноќ“, изјави Пиоли.
И покрај двојниот пораз од Челзи, Милан сепак ја држи судбината во свои раце.
„Тоа е негативен резултат, но нашата судбина е во наши раце. Ако сакаме да продолжиме да се натпреваруваме, мора да победиме во следните два натпревари. Имаме шанси да го направиме тоа“.
Следниот натпревар Милан го игра во Загреб против Динамо, а потоа во последното коло ќе го пречека Салцбург.