Утрински Весник
Спорт

Крваво израмнување на Ридигер против Шахтјор, Милан повторно немоќен против Челси

Крваво израмнување на Ридигер против Шахтјор, Милан повторно немоќен против Челси

Антонио Ридигер успеа да ги остави Реал Мадрид непоразени оваа сезона, откако постигна гол во 95. минута во Варшава за 1:1 реми против опасниот Шахтјор, но тоа го плати со страшна повреда по судирот на главите со голманот на украинскиот клуб, Анатолиј Трубин.

dobivaj vesti na viber

Зубков, кој постигна фантастичен гол при 2:1 поразот на „Сантијаго Бернабеу“, пак беше клучен за украинскиот клуб, откако во финишот на првото полувреме беше прецизен со удар со глава по асистенцијата на Михаиличенко. Оваа предност, украинскиот клуб ја оддржуваше до 95. минута кога по одличното нафрлање на Тони Крос, Ридигер ја смести топката во противничката мрежа, но потоа во воздушен судир беше „собран“ од Трубин.

Обидот на Милан да „врати“ за 3:0 поразот на „Стемфорд Бриџ“ не успеа, откако Челси си замина со три поени од „Сан Сиро“ поради еден контроверзен момент. Фикајо Томори, ексфудбалерот на Челси доби директен црвен картон уште во 11. минута по еден старт над Мејсон Маунт, а од досудениот пенал, Жоржињо ги донесе „сините“ во водство. Со играч помалку, италијанскиот шампион се обиде да се спротистави, но во 34. минута Пјер-Емерик Обамејанг стрелаше за 0:2 и за прво место на табелата. Во истата група, Динамо Загреб и Ред бул Салцбург одиграа 1:1 на „Максимир“ за целосна неизвесност пред последните две кола.

Пари Сен-Жермен, ниту дома не успеа да ги победи Бенфика, одигрувајќи 1:1 со португалскиот клуб во меч одбележан со два пенали. Прво Килијан Мбапе во 40. минута со гол од пенал стана рекордер по бројот на голови во ЛШ за ПСЖ (31), за во 62. минута од мечот, Жоао Марио, исто така со удар од белата точка да израмни. ПСЖ и Бенфика во групата Х сега имаат по 8 поени на врвот на табелата, додека Јувентус и Макаби Хаифа се со само три освоени поени.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 4.КОЛО
ГРУПА Е
Милан – Челси 0:2
Динамо Загреб – Ред бул Салцбург 1:1
ГРУПА Ф
Шахтјор Доњецк – Реал Мадрид 1:1
Селтик – РБ Лајпциг 0:2
ГРУПА Г
Борусија Дортмунд – Севилја 1:1
ГРУПА Х
Пари Сен-Жермен – Бенфика 1:1

(function (el) {
window.addEventListener(“message”, (event) => {
if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) {
if (el.id === event.data.id) {
el.style.height = event.data.height + “px”;
}
}
});
})(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1466-41897”));

Standings provided by Sofascore

})(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1469-41897”));

Standings provided by Sofascore

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност