Утрински Весник
Спорт

Ред бул со минорно пречекорување на буџетот, казната уште не се знае

Ред бул со минорно пречекорување на буџетот, казната уште не се знае

Светската автомобилистичка федерација (ФИА) потврди дека тимот на Ред бул имал минорно пречекорување на ограничениот буџет минатата сезона (2021), а тимовите на Астон Мартин и на Вилијамс, пак, имаат престап до процедурите.

dobivaj vesti na viber

Шпекулациите за пречекорување на буџетот од 145 милиони долари за 2021 година беа огромни последните две недели, со тврдења дека Макс Ферстапен може да ја загуби својата прва титула, а ФИА само додаде масло на огнот со одложувањето на финансискиот извештај.

Казната што Ред бул рејсинг ќе ја добие уште не е позната, но минорно пречекорување е нешто што е под 5 отсто од буџетот (7,25 милиони долари) бидејќи над 5 отсто според правилата на ФИА се смета за материјално пречекорување, кое носи драстични казни, како одземање поени или исклучување од шампионатот.

„Администрацијата за ограничување на буџетот издаде сертификати за 7 од 10-те Формула 1-тима. ФИА ги разгледува опциите за Астон Мартин и Ред бул за што ќе има дополнителни информации. ФИА сака да забележи дека во првата година на ограничување на буџетот таа била ограничена на разгледување на документите од тимовите и дека нема целосна формална истрага“, се вели во објавата на ФИА.

Ривалите на Ред бул, Мерцедес и Ферари, сигурно нема да бидат задоволни од овој исход откога двата тима јавно бараа казна за оние што ќе потрошат премногу.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ