Утрински Весник
Свет

Австрија: Неразумно е инвестициите во нуклеарни централи во ЕУ да се нарекуваат „зелени инвестиции“

Австрија: Неразумно е инвестициите во нуклеарни централи во ЕУ да се нарекуваат „зелени инвестиции“

Австрија бара поддршка од другите земји членки на ЕУ за да се спротивстават на означувањето на инвестициите во гасот и нуклеарната енергија како „зелени“, изјави австрискиот министер за заштита на животната средина.

dobivaj vesti na viber

Во петокот Виена го исполни ветувањето дека ќе поднесе тужба против вклучувањето на тие извори на енергија од страна на ЕУ во списокот на „зелени“ инвестиции.

Луксембург веќе изрази поддршка за Австрија, а може да следат и други, изјави пред новинарите министерката Леоноре Гевеслер без да ги именува земјите.

„Сметам дека е неодговорно и неразумно“, рече таа, мислејќи на одлуката на ЕУ.

„Разговараме со други влади на ЕУ кои би можеле да ни се придружат како поддржувачи во тој процес“, додаде министерката.

Геуслер рече дека не е во ред да се означува гасот, фосилно гориво, како „зелена“ енергетска инвестиција и дека тоа му штети на кредибилитетот на таксономијата. Таа исто така рече дека стравувањата за судбината на украинската нуклеарна централа Запорожје, која беше окупирана од Русите, ги нагласуваат ризиците од нуклеарната енергија.

ЕК предложи закон со кој инвестициите во гас и нуклеарни централи ќе бидат означени како зелени

Во февруари Европската комисија предложи легислатива со која ќе се додадат гасот и нуклеарни постројки во правилата на ЕУ, со што ќе им се овозможи на инвеститорите да ги означат инвестициите во нив како „зелени“. Предлогот беше блокиран повеќе од една година поради големото лобирање од страна на владите и индустријата.

Додека Европскиот парламент конечно не го усвои во јули, тој ги разоткри длабоките поделби меѓу земјите членки во однос на борбата против климатските промени.

Активисти за заштита на животната средина, вклучително и Гринпис, покренаа сопствени тужби за правилата, тврдејќи дека ги прекршуваат законите на ЕУ за климата.

Можете да прочитате

Почнаа руско-украинските преговори во Истанбул

Полска до своите граѓани: Ако е можно, напуштете ја Русија

САД и ЕУ блиску до договор за царини од 15 отсто