Арсенал го совлада Ливерпул со 3:2 во деветтото коло од Премиер лигата и се врати на првото место на ВТА. Ливерпул, кој од почетокот на сезоната доживува голема криза, моментално, на табелата е на десеттото место со дури 14 бода помалку од водечкиот Арсенал.
По лошиот влез во сезоната, менаџерот Јирген Клоп, тврди дека се откажал од борбата за шампионската титула.
„Се откажав. Не е интересно. Само ако се случи некое чудо во следните неколку месеци и сите почнат да губат и ние почнеме да победуваме. Тоа би било вистинското нешто. Можеме да зборуваме за тоа, но тоа навистина не е наш проблем. Мора да најдеме начин во континуитет да играме добро, тоа засега не се случува“, рекол Германецот.
По осум одиграни натпревари, Ливерпул има две победи, четири нерешени и два порази. Во последните три првенствени натпревари немаат победа, а во следното коло гостуваат кај Манчестер сити. Пред дербито, Ливерпул ќе игра во Глазгов со Ренџерс во Лигата на шампионите.