Утрински Весник
Спорт

Фенербахче му понуди богат договор на Кампацо

Фенербахче му понуди богат договор на Кампацо

Аргентинскиот кошаркар, Факундо Кампацо добил понуда од Фенербахче. Шпанските медиуми, тврдат дека Фенербахче на Кампацо му нуди девет милиони евра за тригодишен договор.
Вакви услови на Кампацо не може да му понуди ниту еден клуб во Европа. Понудата била далеку побогата од понудата која до Кампацо ја испратиле од неговиот поранешен тим, Реал Мадрид.

dobivaj vesti na viber

Играчот се уште не ја донел конечната одлука, бидејќи чека понуда од НБА лигата. Се шпекулира дека Далас Маверикс се заинтересирани да го доведат. Кампацо две сезони во Реал беше соиграч на Лука Дончиќ.

Претходно во текот на летото, 31-годишниот Аргентинец изјави дека се гледа себеси како НБА играч, но немаше многу понуди по неговата двегодишна одисеја со Денвер Нагетс.

Минатата сезона имаше просек од 5,1 поен, 1,8 скока и 3,4 асистенции.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина