Утрински Весник
Економија

Градот Салцбург ја исклучува топлата вода за децата во училиштата

Градот Салцбург ја исклучува топлата вода за децата во училиштата

За да ја постигне целта за заштеда на енергија од 11 отсто, австрискиот град Салцбург се одлучи да ја исклучи топлата вода во јавните институции .
Според весникот „Salzburger Nahrichten“, топлата вода ќе биде „исклучена“ во јавните институции, што значи и во градските училишта и градинките.

dobivaj vesti na viber

Исклучок се само противпожарните станици, кантините, училиштата за деца со пречки во развојот, соблекувалните во градинките и тушевите во спортските сали.

Тоа што децата во градинките и училиштата следната зима треба да ги мијат рацете со ладна вода, не е проблем за градската секретарка Мартина Бертолд.

„При миење раце со сапун и ладна вода се добива истиот резултат. Може да се прилагодат соодветни средства за одржување на хигиената“; нагласува градската секретарка Мартина Бертолд.

Таа вели дека студената вода од чешмите не е „ледена планинска река“, туку има нормална температура од чешмата, објасни Бертолд.

Од друга страна, родителите се загрижени и велат дека не е во ред децата да ги мијат рацете со ладна вода.

„Ќе имаат ладни раце и наскоро веќе нема да ги мијат рацете“, се плашат родителите, пренесува весникот.

До средината на октомври можно е да се стави вето на одлуката на градските власти, а доколку тоа не се направи, истата стапува во сила, пишува во написот.

Можете да прочитате

Министерство за финансии исплати 785 милиони денари за поддршка на домашни компаниии

Божиновска: Општините добиваат конкретна поддршка за реализација на повеќе енергетски проекти – започнаа практичните обуки за општините

Се интензивира откупот на тутунот