Утрински Весник
Спорт

УЕФА го потврди распоредот на Македонија – Фудбалерите квалификациите ќе го отворат против Малта

УЕФА го потврди распоредот на Македонија – Фудбалерите квалификациите ќе го отворат против Малта

УЕФА го потврди распоредот на натпреварите во квалификациската Ц-групата, за пласман на Европското првенство во Германија. Доцна синоќа, УЕФА поради „техничка“ грешка, го повлече објавениот распоред за сите квалификациски групи.

dobivaj vesti na viber

Македонија, пласман на Европското првенство ќе се обиде да избори во конкуренција на Италија, Англија, Украина и Малта.

Квалификациите Македонија ќе ги отвори во март 2023 година против Малта на домашен терен, а ќе ги затвори против Англија во ноември наредната година.

Распоред на натпреварите на македонската репрезентација:

1. коло: 23. март 2023 Македонија – Малта
2. коло: 26. март Македонија слободна
3. коло: 16. јуни 2023 Македонија – Украина
4. коло: 19. јуни 2023 Англија – Македонија
5. коло: 9. септември 2023 Македонија – Италија
6. коло: 12. септември 2023 Малта – Македонија
7. коло: 14. октомври 2023 Украина – Македонија
8. коло: 17. октомври Македонија слободна
9. коло: 17. ноември 2023 Италија – Македонија
10. коло: 20. ноември 2023 Македонија – Англија

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија