Утрински Весник
Свет

Шефот на кабинетот на Зеленски: Руското прашање мора да се реши со сила

Шефот на кабинетот на Зеленски: Руското прашање мора да се реши со сила

Шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Јермак, изјави дека руските ракетни напади врз градовите низ Украина му покажуваат на цивилизираниот свет дека „руското прашање мора да се реши со сила“.

dobivaj vesti na viber

„Кукавици ги напаѓаат игралиштата, децата и луѓето.. Ова е уште еден доказ дека цивилизираниот свет руското прашање мора да го реши со сила“, наведе советникот на Зеленски за „Ројтерс“

Освен во Киев, каде досега се идентификувани осум жртви, од утрово експлозии се слушаат и во украинските градови Днипро и Лавов, пренесуваат агенциите.

Украинските медиуми објавија дека руските сили ги нападнале и Славјанск и Запорожје.

Можете да прочитате

Oбвинувањата на Трамп за мешање во изборите за официјален Пекинг се „чисти измислици“

Енди Барнам денеска и официјално избран за нов лидер на британската Лабуристичка партија

Иран за првпат ја нападна Сирија, сообраќајот низ Хормуз е запрен