Утрински Весник
Економија

Ердоган: Европа ја чека тешка зима, Турција не

Ердоган: Европа ја чека тешка зима, Турција не

Европските земји ќе се соочат со сериозни тешкотии оваа зима поради ограничувањата за испорака на гас од Русија, оценува турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

dobivaj vesti na viber

На средбата со членовите на Турската младинска фондација во Истанбул, тој рече дека сега цела Европа се прашува како ќе помине оваа зима, пренесува агенцијата Анадолија. Ердоган посочи дека Турција нема да има проблеми со енергетиката оваа зима.

Зборувајќи за руско-украинската војна, Ердоган рече дека Анкара во моментов игра водечка улога во посредничките напори за мирно решавање на конфликтот.

Можете да прочитате

СДСМ: Животниот стандард на граѓаните е урнат – 50% од вработените имаат плати до 36.000 денари

Бугарија влегува во трката за бакар, Македонија сè уште не го активира потенцијалот на Иловица

Азески во Брисел на дебата на највисоко ниво за проширување на ЕУ