Утрински Весник
Свет

(Видео) Зеленски: Сакаат да не уништат, да се држиме и да бидеме силни

(Видео) Зеленски: Сакаат да не уништат, да се држиме и да бидеме силни

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утринава реагираше на веста за неколку експлозии низ земјата, велејќи дека Русите „се обидуваат да ја уништат“ Украина.

dobivaj vesti na viber

„ Ги уништуваат нашите луѓе кои спијат дома во Запорожје. Тие убиваат луѓе кои одат на работа во Днепар и Киев. Воздушната тревога не стивнува низ цела Украина. Тие се обидуваат да не уништат и да не избришат од лицето на земја“, рече Зеленски.

„Погодуваат проектили. За жал, има мртви и ранети. Ве молам, не ги напуштајте засолништата. Грижете се за себе и за вашите најблиски. Да се држиме и да бидеме силни“ порача тој.

Можете да прочитате

Трамп: Куба побара помош, ќе разговараме со Хавана

Раскол кај британските лабуристи: Над 100 пратеници го поддржаа Стармер, 80 бараат негова оставка

Путин најави распоредување на „најмоќната ракета во светот“ до крајот на годината