Утрински Весник
Спорт

Лапорта: Судиите во Европа ни крадат

Лапорта: Судиите во Европа ни крадат

Жоан Лапорта, претседателот на Барселона, изрази големо незадоволство од третманот кај судиите што го има тимот во Лигата на шампионите.

dobivaj vesti na viber

На седницата на клупското собрание тој упати низа критики кон европските судии, за кои рече дека ја оштетиле Барселона.

Прв на тапет беше Словенецот Славко Винчиќ, како и судијата во ВАР собата на мечот со Интер, Холанѓанецот Пол ван Бокел.
Првиот ја водеше средбата помеѓу Интер и Барселона минатиот вторник, а Холанѓанецот беше во ВАР собата, исто како и на претходниот меч со Баерн во Минхен.

Лапорта го обвини Винчиќ дека не досудил чист пенал за Барселона по играњето со рака на Дензел Дамфрис.

„Исто така, не реагираше ниту судијата во ВАР собата. Истиот тој судија веќе не ни додели чист пенал против Баерн во Минхен. Навистина е срамота. Затоа јас сум цврсто за формирање на Суперлигата, бидејќи ќе биде многу попрофесионално“, рекол Лапорта.

Првиот човек на Барселона вели дека пласманот во нокаут фазата во елитното натпреварување на УЕФА е клучно.

„Реален сум. Со играчите кои ги имаме, сите мислиме дека можеме да ги победиме Интер, Баерн и Викторија Плзен. Сè што треба да направиме е да се квалификуваме. Мораме да ги охрабриме Чави и играчите да направат нешто такво”, заклучи Лапорта.

Можете да прочитате

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари

Михајловски: Среќен сум што донесов медал за Македонија