Утрински Весник
Свет

Папата ја критикуваше Европа: Отфрлањето на мигрантите е скандалозно, одвратно и грешно

Папата ја критикуваше Европа: Отфрлањето на мигрантите е скандалозно, одвратно и грешно

Папата Франциск денеска изјави дека одбивањето на мигрантите е скандалозно, одвратно и грешно.

dobivaj vesti na viber

– Отфрлањето на мигрантите е скандалозно. Навистина, тоа е злосторство и поради тоа умираат пред наши очи – рече папата на плоштадот Свети Петар во Ватикан, а пренесе Ројтерс.

Папата рече дека Средоземното Море е најголемото гробиште во светот, мислејќи на илјадниците мигранти кои се удавија обидувајќи се да стигнат до Европа.

– Одбивањето на мигрантите е одвратно, тоа е грев. Злосторство е да не се отвори вратата за оние на кои им е потребна помош – рече тој.

Тој изјави дека некои мигранти, кои биле вратени од границата, „биле сместени во концентрациони логори каде што биле експлоатирани и третирани како робови“.

Поглаварот на Римокатоличката црква денеска го прогласи за свет бискупот Џовани Батиста Скалабрини, познат како „таткото на мигрантите“ и болничарот Артемис Зати кој им помагаше на болните во Аргентина,пренесуваат медиумите.

Можете да прочитате

Пукање во Австралија: Тројца мртви, едно лице рането, убиецот во бегство

Пукање во Австралија: Тројца мртви, едно лице рането, убиецот во бегство

Околу 3.000 згради во Киев сè уште без греење по руските воздушни напади