Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Една година локална власт на ДПМНЕ тендерска, партизирани општини на шпицниот градоначалник

СДСМ: Една година локална власт на ДПМНЕ тендерска, партизирани општини на шпицниот градоначалник

Резултатите по една година локална власт на ВМРО-ДПМНЕ, се над 50 општини во државата ставени под контрола на шпицниот градоначаник Мицкоски, кавги за тендери, „рацете во медот“, партиски вработувања, поскапување на комуналните услуги, изостанок на нови проекти и застој на започнатите, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„ Локалната власт на ДПМНЕ тендерска, заборави на интересите на граѓаните и се фокусираше на тендери и провизии, за што и изби нивната јавна кавга, за тендер од 136 милиони евра за пречистителна станица во Скопје.

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ даваат отчет пред својот партиски шеф Христијан Мицкоски, наместо пред граѓаните. Дури и лично Мицкоски е тој кој во име на градоначалници преговара за набавка на автобуси, се меша во тендерите. Една година општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ стагнираат а за тоа вината е кај шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ покажа дека се уште е истата нереформирана партија која ги има поклопено општините, ги има партизирано локалните самоуправи и одработува за интересот на Мицкоски, наместо за граѓаните“ додаваат од СДСМ.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт