Утрински Весник
Свет

Мостот на Крим повторно отворен за сообраќај, тргнаа првите два воза

Мостот на Крим повторно отворен за сообраќај, тргнаа првите два воза

Тргнаа првите два воза од Севастопол и Симферопол по експлозијата на Кримскиот мост, објави на Телеграм руската железничка компанија Гран експрес.

dobivaj vesti na viber

Компанијата соопшти дека возот за Москва тргнал од Симферопол, а за Санкт Петербург тргнал од Севастопол, пренесе ТАСС.

Сообраќајот за автомобили и автобуси претходно беше обновен преку мостот на Крим, кој утринава беше оштетен во експлозијата, објави лидерот на Крим, Сергеј Аксјонов.

„ Во моментов сообраќајот е отворен за автомобили и автобуси, со максимални проверки“ – напиша Аксјонов на Телеграм, пренесува Интерфакс.

Аксјонов рече дека траектот „Керч-2“ ќе почне да работи за камиони.

Во експлозија на камион на мостот на Крим загинаа три лица, соопшти Истражниот комитет на Русија.

Претходно Националниот комитет за борба против тероризмот објави дека на Кримскиот мост експлодирал камион, а седум вагони со цистерни се запалиле во воз што минувал преку мостот.

Можете да прочитате

Песков: Руската војска го зазеде Покровск по една година борби

Синот на „Ел Чапо“ го смени исказот – се изјасни за виновен за трговија со дрога

Свлечиште потопи усидрени бродови во Перу, најмалку 12 луѓе загинаа, 50 се исчезнати