Утрински Весник
Спорт

Чеферин има поддршка од сите 55 членки на УЕФА, ќе добие и трет последен мандат

Чеферин има поддршка од сите 55 членки на УЕФА, ќе добие и трет последен мандат

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин има поддршка од сите 55 членки федерации за да стане кандидат за реизбор во август, потврдија од федерацијата, објаснувајќи дека тој ќе остане за уште еден, најверојатно последен мандат.

dobivaj vesti na viber

УЕФА добил поддршка од сите земји членки на УЕФА на состанокот во Франкфурт. Последниот термин за пријавување кандидати е на 5 јануари, пред гласањето на 5 април на седницата во Лисабон. Чеферин исто така немаше противкандидат и во 2019 година, додека првпат беше избран во 2016 кога со 42:13 го победи Холанѓанецот Михаел ван Праг. Изборите во 2016 беа итни откако Мишел Платини беше суспендиран од етичката комисија на ФИФА по скандалот со примање пари од поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер.

Мандатот на Чеферин беше одбележан со ривалството со ФИФА и претседателот на светската федерација, Џани Инфантино околу календарот и најавите за Мундијал секои две години, но и со (засега) успешното задушување на обидот за формирање на Европската Суперлига во април 2021.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари