Утрински Весник
Македонија

211 сообраќајни прекршоци во Скопје

287 казни за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (07.10.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

На територија на град Скопје изречени се вкупно 211 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 13 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 25 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, седум мерки за возење под дејство на алкохол.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, 12 санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, 12 мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Засилените акциски контроли продолжуваат.

Можете да прочитате

Вечерва тешка сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила

Пожар кај Психијатриската болница „Скопје“, ситуацијата е стабилизирана