Утрински Весник
Македонија

Петровска: Решавањето на отворените прашања на Балканот клучно за заедничката безбедност

Петровска: Решавањето на отворените прашања на Балканот клучно за заедничката безбедност

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во рамките на учеството на „2BS – To Be Secure“ форумот, во Будва, Црна Гора, говореше на панелот насловен „НАТО подготвено за иднината, спремно, силно и одлучно“.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на дискусиите беше улогата на НАТО во современите безбедносни случувања, и целта да се спротивстави на предизвиците и да докаже дека е способно да одбие, одврати и брани.

„На последниот Самит во Мадрид што беше многу важен во ова критично време, НАТО порача – дека секој сантиметар од својата територија е важен и второ, дека ги зајакнуваме нашите капацитети за да одвратиме и да се одбраниме“, рече Петровска.

Министерката Петровска на панелот на кој учествуваа и министрите за одбрана на Црна Гора, Рашко Коњевиќ, и на Босна и Херцеговина, Сифет Поџиќ говореше за начините како може да се дојде до решение за сите отворени прашања на Балканот. Заклучокот од дискусијата е дека единствената гаранција за европска и просперитетна иднина на граѓаните на Западниот Балкан е дијалог и соработка.

„Кога на 24 февруари оваа година започна инвазијата, луѓето во мојата земја прашуваа дали сме безбедни, на што одговорив – да, безбедни сме затоа што сме земја членка на НАТО. Добро познатиот Преспански договор го разреши спорот кој траеше повеќе од 20 години, помеѓу Грција и Северна Македонија. Потпишувањето на Преспанскиот договор се покажа дека е најголемиот влог во безбедноста на нашата земја. Мојата порака е дека во одредено време политичките лидери мора да донесат сериозни политички одлуки што ќе значат инвестиција во иднината на земјите“, рече Петровска.

Министрите за одбрана на панелот разговараа и за актуелните предизвици со кои се соочува трансатлантската заедница, регионалните безбедносни предизвици со посебен акцент на последиците од руската воена агресија врз Украина, зголемување на отпорноста на демократиите, како и приоритетите за дејствување во трансатлантските односи.

Можете да прочитате

Пуштена за сообраќај е скопската обиколница, сообраќајот кон ГП Блаце пуштен само за патнички возила  

Обвинителството започна истрага за причините за настанување на пожарот во Визбегово

Ангажирани 60 војници за пожарот кај Ѓорче Петров грчките канадери упатени кај Дојран